5 дн. назад
Онкологот Мери Пешевска призна вина во случајот „Онкологија“
Онкологот Мери Пешевска, вработена на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, денеска пред Основниот кривичен суд Скопје призна вина. Пешевска, пред Судот рече дека за седумтемина пациенти за кои е обвинета не е сигурна дека таа ја продолжувала терапијата зошто, како што рече, нејзиниот печат во тој период стоел на шалтер и тоа го направила со цел побрзо и да не чекаат пациентите. - Совесно и одговорно тврдам дека мојата лозинка во системот и печатот и сум ги оставила на шалтер и ги користеле практиканти и ја прифаќам вината, изјави Пешевска. Пешевска заедно со поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, и уште двајца онколози е обвинета за несовесно лекување пациенти. Притоа Судот ја раздвои кривичната постапка против Пешевска и постапката продолжува на 17 септември. Претходно пред Судот, поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, рече дека не се чувствува за виновен. -Не, апсолутно не, одговори Васев, на прашање од Судот дали се чувству...
Разное