20 ч. назад
Во среда слетува првиот авион од Париз, Скопје наскоро ќе се поврзе и со Барселона и Лион
Од среда Скопје и Париз се поврзуваат со директна авиолинија, а како што посочува генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Неџат Курт, со слетувањето на авион на „ЕasyJet“ од аеродромот „Орли“ во Париз на Меѓународниот аеродром „Скопје“ ќе продолжи ширењето на мрежата на летови. -Ќе го пречекаме првиот лет на „ЕasyJet“ до Меѓународниот аеродром „Скопје“, од аеродромот „Орли“ во Париз, што е важно поради две работи. Првата е дека аеродромот „Орли“ во Париз е управуван од групацијата АДП (Groupe ADP), групација во која „ТАВ Аеродроми“ се членка, а втората важна работа е дека од 2 април патниците на Скопскиот аеродром ќе имаат бенефит да патуваат до еден од најфреквентните аеродроми во Франција, кој нуди бројни домашни и европски летови, истакна Курт за весникот ВЕЧЕР. Следните нови линии што ќе бидат воведени од Меѓународниот аеродром „Скопје“, од 3 мај, се Барселона и Лион, двете со авиокомпанијата „Визер“. -Ова е уште една одлична вест за патниците на Скопскиот аеродром, особено во...
Разное