7 ч. назад
Судењето на возачот обвинет за прегазувањето на Фросина Кулакова започнува в петок
Судењето против Васил Јованов, возачот кој според обвинението на пешачки премин ја прегази Фросина Кулакова започнува в петок во Основен Кривичен суд во Скопје со почеток во 10 часот. Васил Јованов е обвинет за кривичното дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за кое е предвидена затворска казна до 20 години. Случајот ќе го води судијката Снежана Марковска. Според обвинението, на 29 јануари 2025 година, Васил Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Фросина Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место. Во меѓувреме, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог и против таткото на Васил, Зоран Јованов, за кривично дело „предизвикување општа опасност“ од член 288 став 4 во врска со ст...
Общество