3 недель назад
САД гонат уште еден санкциониран нафтен танкер во близина на Венецуела
Само еден ден по последното запленување на нафтен танкер покрај брегот на Венецуела, американската крајбрежна стража се обидува да преземе контрола врз друг брод, според извештаи на американските медиуми. Крајбрежната стража го гони санкционираниот танкер, јавија вчера телевизијата „Ен-Би-Си Њуз“ (NBC News) и новинската веб-страница „Аксиос“ (Axios), цитирајќи извори запознаени со темата. „Ен-Би-Си Њуз“ цитираше американски функционер кој изјавил дека бродот ѝ припаѓа на таканаречената „флота во сенка“ која Венецуела ја користи за да ги избегне санкциите. Бродот пловел под лажно знаме и бил предмет на судска наредба за заплена, рече функционерот. Доколку операцијата успее, Соединетите Американски Држави ќе запленат три нафтени танкери за околу недела и пол, од кои два само изминатиов викенд, пренесе ДПА. Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот, во објава на својата платформа „Трут Соушл“ (Truth Social), изјави дека наредил „тотална и целосна блокада на сите санкционирани...
Экономика