3 недель назад
Мицкоски на Советот за реформа на јавната администрација: Време е за промени, потребна ни е ефикасна и посветена администрација, која ќе биде сервис на граѓаните
Оваа седница е втора по ред од донесувањето на новата Стратегија за реформа на јавна администрација, а прва во овој состав“, нагласи денеска претседателот на Владата на Македонија Христијан Мицкоски во неговото обраќање на втората седница на Советот за реформа на јавната администрација. -Пред да започнам со дневниот ред сакам да истакнам неколку работи. Јавната администрација не е само механизам за спроведување на законите и политиките, таа е лицето на државата, одраз на нејзината ефикасност и посветеност кон граѓаните. Колку е подобро организирана, толку побрзо и поквалитетно ќе ги испорачува услугите. За жал, во изминатите години сведочевме на слабости, партизираност, неефикасност, недоволна компетентност на одредени кадри. Сега е време за промени, рече премиерот Мицкоски. Претседателот на Владата Мицкоски исто така подвлече дека нема веќе седење дома и земање плати, и дека Владата ќе се фокусира на одредени елементи во јавната администрација да ја направи поефикасна. „Можам да со...
Разное