8 дн. назад
Стојаноски: Интерпелациите за членовите на Судски совет се тема која има за цел да се расчисти со мочуриштето кое го има окупирано македонското судство
Многу суштинска тема којашто уште некој период пред изборите беше најавувана, транспарентно прикажана пред граѓаните во предизборна Програма којашто доби поддршка од над 600 илјади гласови на изборите во коишто суштината е само една и единствена цел, да се расчисти со мочуриштето коешто го има окупирано македонското судство, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, во текот на денешната парламентарната расправа по поднесените интерпелации за петте члена на Судскиот совет. Според него ова е начин на којшто правосудниот систем конечно ќе биде ослободен од долгогодишните, поточно децениски стеги во којшто е западнат. „Координиран настап, настап во којшто провејуваа многу навреди, настап во којшто немаше никаква аргументација и настап во којшто имаше за цел да направи една димна завеса за да на крајот од денот впечатокот биде дека некој сака да прави упад во уставниот поредок, некој сака да го политизира судството и обвинителството“, јасно посочува Стојаноски зборувајќи за обиди...
Общество