3 дн. назад
Викендов Галичка свадба, манифестацијата ќе почне вечер со монодрама за Пулевски
Од денеска попладне до недела во Галичник ќе се одржува традиционалната Галичка свадба на која годинава младенци се Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски. Нивната венчавка во црквата „Свети апостоли Петар и Павле“ во Галичник, со извршување на вековните свадбени обичаи и обреди, ќе биде в недела, 13 јули, што е и централен настан на манифестацијата. Организаторот на Галичката свадба – Месната заедница Галичник, најави богата тридневна програма, која ќе почне вечер во амфитеатарот пред чешмата Упија со монодрама во чест на Ѓорѓија Пулевски и 150 години од издавањето на неговиот „Речник на три јазика“ (Тријазичникот), со настап на актерот Рубенс Муратовски. Текст за претставата „Ја, Ѓорѓија Пулески – роден су од камен“ е напишан од Миле Бошњаковски и е на автентичен мијачки говор, а режисер на монодрамата е Бојан Трифуновски. По премиерата вечер во Галичник ќе има забава со диџеј за помладите посетители, а од утре почнуваат свадбарските обичаи - пречек на тапаните, китење и поставување...
Разное