4 дн. назад
Хрватска нема да ги повикува во војска лицата со двојно државјанство кои живеат надвор од земјата
Хрватска нема да упатува повици за служење на задолжителниот воен рок до државјани со двојно државјанство кои имаат постојано живеалиште во други земји, како Србија, Црна Гора или Босна и Херцеговина, и против нив нема да се покренуваат прекршочни постапки доколку не го отслужат воениот рок, соопштија од Министерството за одбрана на Република Хрватска за агенцијата Бета. Од Министерството појаснија дека повиците за основна воена обука ќе им се испраќаат исклучиво на хрватски државјани кои живеат во земјата, односно имаат пријавено живеалиште во Хрватска. „Согласно Законот за одбрана, кој Хрватскиот сабор го усвои на 24 октомври, лицата со двојно државјанство можат да ја исполнат својата воена обврска во Хрватска според хрватското законодавство, или во земјата во која живеат, според нејзините закони. Ги повикуваме Хрватите кои живеат во странство да се јават во дипломатско-конзуларните претставништва и на тој начин да ја регулираат својата воена обврска“, соопшти Министерството за од...
Разное