8 дн. назад
Туск ги предупреди граѓанските патроли да се повлечат од границата со Германија
Полскиот премиер Доналд Туск денеска упати остро предупредување до десничарските „граѓански патроли“ кои се појавија на границата со Германија, нарекувајќи ги нивните постапки нелегални и опасни. -Само Граничната стража има право да ја контролира нашата граница. Секој што се претставува како полиција или ја попречува работата ќе се соочи со последици“, изјави владиниот портпарол Адам Шлапка по безбедносен состанок во Варшава. Предупредувањето доаѓа по најавата дека Полска ќе воведе привремени гранични контроли со Германија и Литванија од 7 јули, како реакција на зголемениот број мигранти. Во изминатите денови, стотици членови на т.н. граѓански патроли – групи блиски до крајната десница – се појавија на полската страна на границата, тврдејќи дека спречуваат враќање на мигранти од Германија, пренесе „Политико“. На социјалните мрежи се појавија видеа со маскирани мажи кои запираат возила, бараат лични документи и се обидуваат да извршат т.н. „граѓански апсења“ врз лица за кои се сомнев...
Общество