58 ч. назад
Првиот патувачки Фестивал на македонски филм во Хрватска отворен и во градот Слатина
Во градот Слатина, Република Хрватска, на 9. септември, беше отворен првиот Фестивал на македонски филм во склоп на одбележувањето на Денот на македонската независност, 8. Септември. Настанот, чија цел е промоција на македонската кинематографија и јакнење на културните врски меѓу Македонија и Хрватска, се одржува во соработка со македонскиот културно-информативен центар во Загреб, Кинотеката на Македонија и Хрватската мрежа на независни киноприкажувачи со поддршка од македонското Министерство за култура и туризам. Фестивалот, кој беше отворен и во Загреб ден претходно, е всушност осмислен како патувачки настан кој поврзува 13 хрватски градови со проекции на некои од најзначајните остварувања во македонската кинематографија. На репертоарот во Слатина се документарниот „Филмскиот опус на браќата Манаки“, првата македонска комедија „Мирно лето“ (1961) во режија на Димитрие Османли, „Тетовирање“ (1991) на Столе Попов и „Прашина“ (2001) на Милчо Манчевски. Публиката во Слатина ја поздрав...
Культура