4 недель назад
Клековски: Македонското здравство максимално пожртвувано го прифати првиот бран на сите повредени пациенти, за помалку од 12 часа се направија и првите транспорти кон странство
Македонското здравство брзо реагираше со одлука на Владата, брзо се испраќаа пациенти во странство, но и од Кочани кон Штип и Скопје, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Фондот за здравство, Сашо Клековски во гостување во „Тема на денот“ во централниот дневник на телевизија Сител. Клековски истакна дека сè уште има лица на интензивна нега, меѓутоа сите се стабилни. „Сè уште имаме лица на интензивна нега, меѓутоа сите се стабилни со позитивна прогноза и во основа логиката на ова што го направивме изминатите денови беше бидејќи не знаевме кој ќе биде обемот на трагедијата да што повеќе тешко повредени, критични се пренесуваат веднаш во странство и таа одлука е донесена од Владата многу рано веќе во утринските часови“, рече Клековски. Клековски нагласи дека во рок од помалку од 12 часови од несреќата веќе се направија првите транспорти кон Солун, веднаш потоа кон Софија и следуваа Турција и Србија. „Кога се соочуваме со непознат размер на катастрофа тогаш мора да влечете б...
Спорт