home Все Новости open_in_new Подробнее

Гутереш бара Хутите итно да ги ослободат претставниците на ОН

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш денеска го осуди притворањето на 10 претставници на ОН од страна на јеменските бунтовници. Хутите вчера приведоа 10 службеници на ОН, со што вкупниот број на приведени се искачи на 69. Гутереш повика на итно ослободување на сите заробеници, изјави неговиот портпарол Стефан Дижарик. Овие притворања го прават неодржливо доставувањето хуманитарна помош на ОН во областите контролирани од Хутите. Ова директно влијае на милиони луѓе на кои им е потребна помош и го ограничува нивниот пристап до помошта што спасува животи, наведе Дижарик. ОН постојано ги отфрла обвинувањата на Хутите дека вработените и операциите на организацијата во Јемен се вклучени во шпионажа.М Јеменските бунтовници од почетокот на 2015 година контролираат големи делови од земјата, вклучително и главниот град – Сана, каде што Хутите ги воспоставија своите политички институции. Меѓународно признатите јеменски власти се протерани од Сана во Аден. (МИА)


today 4 ч. назад attach_file Разное

4 ч. назад Умеров пред преговорите со САД: Безбедноста на Украина мора да биде сигурно и долгорочно гарантирана
attach_file Экономика
4 ч. назад Гутереш бара Хутите итно да ги ослободат претставниците на ОН
attach_file Разное
5 ч. назад Претставници на Израел и Либан разговараа за разоружување на Хезболах
attach_file События
attach_file Общество
attach_file Разное
attach_file События
8 ч. назад Пуштена во употреба новата микробилошка лабораторија за квалитет на „Алкалоид
attach_file Наука
attach_file Разное
9 ч. назад ГАК: Обдукцијата на новороденчето покажа дека причината за смртта е незрелост на белодробието
attach_file Разное
11 ч. назад Средба на МЕП Муртезани и амбасадорката Дрекслер и претставници на ГИЗ
attach_file Разное
attach_file Разное
12 ч. назад Францускиот парламент не успеа да постигне договор за буџетот за 2026 година
attach_file Политика
13 ч. назад Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар кој треба да биде носител на здравствениот систем
attach_file Наука
attach_file События
attach_file Разное
attach_file Общество
attach_file Экономика
15 ч. назад Австралиската влада најави откуп на оружје по нападот на плажата Бонди
attach_file События
attach_file Разное
attach_file Разное


ID: 1951942276
Add Watch Country

arrow_drop_down