3 недель назад
АФЕТ ќе гласа за усвојување на Извештајот на Вајц за Македонија
Членовите на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент денеска треба да гласаат за одобрување на Предлог-извештајот за 2023 и 2024 година за нашата држава, подготвен од австрискиот европратеник Томас Вајц. Во текстот се споменува важноста од зачувување на динамиката и доверливоста на процесот на европска интеграција и се истакнува дека нашата земја продолжува да покажува посветеност кон евроинтеграцијата и усогласување со политиките на ЕУ. Во документот се наведува дека демократските институции во државата функционираат “задоволително”, но дека политичката поларизација останува пречка за неопходните реформи. Се апелира на засилување на напорите за унапредување на владеењето на правото и независноста на судството, борбата против корупцијата, реформирањето на јавната администрација и унапредувањето на транспарентноста околу сопственоста на медиумите. На основниот предложен текст на Извештајот, кој беше објавен на 18 март, беа доставени вкупно 313 измени, од кои пов...
Разное