2 недель назад
Мицкоски од Инџиково: Наскоро од денес се отвора детската градинка за најмалите, продолжуваме да ја градиме Македонија
Уште еден убав момент за Македонија, за македонските граѓани. Уште еден нов објект којшто полека, но сигурно, гледате како никнува, за многу скоро од денес овој објект, којшто беше барање на граѓаните на ова населено место во општина Гази Баба, ќе стане реалност, истакна премиерот Христијан Мицкоски. -Тоа значи уште една потврда на политиките на оваа Влада, дека ќе поддржува проекти во општините коишто ќе додадат квалитет во животот на граѓаните. Околу техничките детали и стратегијата нема да зборувам премногу, бидејќи тоа го направија претходните говорници. Јас само сакам да кажам дека самата постапка на промена на ресорите во самата Влада, уште на самиот почеток на мандатот на оваа нова Влада, пред речиси една година, значеше дека Министерството тогашно за социјална политика и труд ќе добие поинаква конотација и поширока надлежност, посебно во делот на демографијата и младите. Овој објект овде е токму во таа насока, рече тој. Колку повеќе градинки и училишта има, толку подобри усл...
Экономика