home Все Новости open_in_new Подробнее

Димитриевски: Кога и да дојдам на прес, не примаме гол, се надевам дека така ќе биде и со Велс!

 Македонија во Скопје во рамките на вториот квалификациски меч за Светското првенство (СП) го пречекува Велс, а македонскиот голман Столе Димитриевски изјави дека пред нив е тежок противник. Димитриевски зборуваше за кобната ноќ во дискотеката во Кочани, каде што 59 лица го загубија животот и посочи дека сè уште се чувствува тага по трагедијата. „Целиот македонски народ во овој момент е повреден, мене ми беше тешко да заспијам наредниот ден кога видов што се случи. Единствено нешто што му треба на македонскиот народ во овој момент е љубов и сплотеност“, вели Димитриевски. Чуварот на мрежата на Македонија кажа и дека се надева дека ќе ја продолжи традицијата, односно нема да прими гол против Велс. „Сакав да присуствувам на прес-конференцијата затоа што тоа е како некоја традиција. Секогаш кога сум тука, не примаме голови. Се надевам дека така ќе биде и сега, ако не примиме гол, имаме најмалку реми, а зошто не и победа“, додаде првиот голман на македонската фудбалска репрезентација.



Македонскиот голман Столе Димитриевски изјави дека се надева дека Македонија нема да прими гол против Велс во квалификацискиот меч за Светското првенство, бидејќи кога тој присуствува на прес-конференции, тимот не прима голови. Тој исто така изрази тага поради трагедијата во дискотеката во Кочани и рече дека на македонскиот народ му треба љубов и сплотеност.

today 30 ч. назад attach_file Разное

attach_file Разное
30 ч. назад Димитриевски: Кога и да дојдам на прес, не примаме гол, се надевам дека така ќе биде и со Велс!
attach_file Разное
57 ч. назад Над 18.000 билети продадени против Велс, приходот оди за повредените и семејствата на жртвите од Кочани
attach_file Разное
3 дн. назад Миовски: Ова се одлични три бода и старт на квалификациите за СП
attach_file Разное
3 дн. назад Омерагиќ: Ова е победа која ја заслужија – фудбалерите, стручниот штаб и нашите навивачи
attach_file Спорт
attach_file Разное
attach_file Разное
attach_file Культура
attach_file Общество


ID: 930536039
Add Watch Country

arrow_drop_down