49 ч. назад
ЕП ја поддржа климатската цел за намалување на емисиите на штетни гасови за 90 отсто до 2040 годинa
Европратениците денеска со 379 гласови „за“, 248 „против“ и 10 „воздржани“ го поддржаа предлогот за став на Европскиот парламент во преговорите за измена на Законот за климата на ЕУ, со кој се предвидува задолжително намалување на нето емисиите на стакленички гасови до 2040 година за 90 отсто во споредба со нивоата во 1990-та, како дел од напорите за постигнување на климатска неутралност на Унијата до 2050 година. Во документот се нагласува дека европратениците веруваат оти зелената транзиција и зајакнувањето на конкурентноста на ЕУ одат „рака под рака“ и затоа се согласуваат со предлогот на Комисијата за измени на начинот на кој можат да се исполнат климатските цели. Во усвоениот ставот на ЕП се предвидува и можност за користење на механизмот за јаглеродно гранично прилагодување (ЦБАМ), кој овозможува плаќање на еден вид такса за високи емисии на јаглерод диоксид, до пет отсто во периодот од 2036 до 2040 година, со почитување на строги заштитни мерки. Дополнително, европратениците ...
Наука