неделю назад
Барозо: Европа мора да преземе поодговорна улога во одбраната
Европа мора да престане да биде геополитички адолесцент каков што е сега и мора да преземе поодговорна улога во полето на одбраната, смета поранешниот претседател на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо. Според него, во Европа постои некоординираност меѓу земјите околу начинот на трошење на средствата одвоени за одбранбени потреби. -Основниот проблем на европската одбрана не е недостигот на инвестиции, туку дисфункционалноста и некомпатибилноста што постојат помеѓу различните системи, изјави Барозо во обраќање на собир посветен на португалската национална одбрана, што се одржа во Воената академија во Амадора, во близина на Лисабон. Барозо во говорот истакна дека дури и зголемување на средствата за одбраната од сегашните два отсто од БДП на три или 3,5 проценти, за што верува дека ќе биде постигнат договор на претстојниот Самит на НАТО, нема да ги реши одбранбените проблеми на Европа, туку дури и може да ги зголеми. Според него, европските земји треба повеќе да инвестираат во одбр...
Разное