8 ч. назад
Нема одложување на мерката за објавувањето на цените, ќе се интензивираат контролите
Во тек се вонредните контроли, а поинтензивно ќе се спроведуваат по Велигден и нема никакво одложување, вели заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески за спроведувањето на законската мерка со која трговците се обврзуваат на своите веб-страници да ги објавуваат цените на производите и секојдневно до 10 часот да ги ажурираат. Според Ристески прво ќе стигнат опомените, а казните за неспроведувањето на мерката која започна вчера да се применува, се од 500 до 10 000 евра. -Како што почна мерката да се применува, така и пазарниот инспекторат има вонредни контроли. Засилени контроли ќе има по Велигденските празници. Казните за сите оние кои нема да ја почитуваат оваа транспарентност преку нивните веб-страници, содржана во Законот за заштита на потрошувачите, се од 500 до 10 000 евра, рече Ристески. Се очекува сите трговци да ја почитуваат мерката и нема никакво одложување, иако имаше одредени барања, особено од аптеките. Можна е средба со нив идната недела. -Очекуваме сите трг...
Разное