Канцеларијата на европскиот јавен обвинител најави покренување постапка против Европскиот суд на ревизори под обвинение за блокирање и попречување на кривичната истрага против неговиот поранешен претседател Клаус Хајнер Лене. Европското јавно обвинителството покрена истрага против Лене, кој беше претседател на Ревизорскиот суд од 2016 до 2022 година, поради сомнеж за сторено кривично дело „измама“. Според Обвинителството, на Лене му биле исплатени над 300.000 евра надоместоци на име трошоци за домување во Луксембург, каде што се наоѓа седиштето на Судот на ревизори, иако тој воопшто не живеел во овој град. Истрагата против германскиот ревизор, Обвинителството ја започна во 2022 година и покрај тоа што тој ги негира ваквите обвинувања. Но, сега Канцеларијата на Европскиот јавен обвинител го обвини Судот на ревизори дека ги блокира и попречува нејзините напори за истражување на обвинувањата против Лене. Според Обвинителството, Судот ги одбил неговите барања за сослушување на ревизорск...