4 недель назад
Во „Матица македонска“ промовирана книгата „Културата и траумата: Писмо до бугарскиот пријател“ од Златко Крамариќ
Академици, универзитетски професори, домашни и странски дипломати, политичари, истражувачи, писатели, музичари, ликовни уметници, лекари, актери, книжевни преведувачи, присуствуваа вчера во книжарницата на „Матица македонска“ на промоцијата на книгата „Културата и траумата: Писмо до бугарскиот пријател“ од познатиот хрватски научник, универзитетски професор и дипломат, Златко Крамариќ. Делото на Крамариќ, како што наведуваат од „Матица македонска“, е исклучително важна книга за идентитетските прашања, за македонскат историја и сегашност. - Македонска интелигенцијо, под ознаката „задолжително„ треба да стои: „оваа студија под итно секој еден треба да ја прочита, секој еден што се чувствува како дел од македонската интелигенција“. Преку анализа на литературни текстови и културни и политички феномени и процеси во македонското општество во неговиот јужнословенски, балкански и европски контекст, книгата „Културата и траумата“ од Златко Крамариќ проблематизира актуелни идентитетски прашањ...
Разное