home Все Новости open_in_new Подробнее

ЕП има за цел да го заштити европскиот буџет, вели портпаролот на институцијата по повод пресудата за Марин Ле Пен

Европскиот парламент е информиран за одлуката на судот во Париз, кој донесе пресуда за измама (во случајот против Марин Ле Пен), истакна денеска на прес-конференција портпаролот на институцијата, одговарајќи на новинарско прашање. Портпаролот истакна дека ЕП е странка во случајот, како и во други слични случаи. „Целта на ЕП е да ги заштити јавните фондови и буџетот на ЕУ според утврдените правила“, додаде портпаролот. Според него, нема да се даваат дополнителни коментари на оваа тема, а институцијата не планира детално да ја оценува пресудата. Лидерката на француската крајна десница Марин Ле Пен денеска е осудена на четири години затвор и доби петгодишна забрана за вршење јавна функција, како и парична казна од 100.000 евра. Таа беше прогласена за виновна за проневера на средства од европски фондови и ќе поднесе жалба на пресудата. (МИА)


today 36 ч. назад attach_file Общество

21 ч. назад Трамп ја спореди пресудата на Ле Пен со своите судски процеси
attach_file Общество
attach_file Общество
attach_file Общество
36 ч. назад ЕП има за цел да го заштити европскиот буџет, вели портпаролот на институцијата по повод пресудата за Марин Ле Пен
attach_file Общество
attach_file Общество
attach_file Политика
неделю назад Безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани
attach_file Разное


ID: 1059034462
Add Watch Country

arrow_drop_down