28 ч. назад
Русија сака да прогласи победа на 24 февруари, тврдат украински воени разузнавачи
Русија им наложи на своите пропагандисти да прогласат „победа“ во војната „против Украина и НАТО“ на 24 февруари, на третата годишнина од нејзината целосна инвазија, тврди Украинската воена разузнавачка служба (ХУР), а пренесува „Киев Индипендент“. Според разузнавачката служба, целта на Русија е да сее хаос меѓу Украинците, да се дестабилизира ситуацијата во земјата и да се дискредитира Украина меѓу своите сојузници. Тие, исто така, тврдат дека руските разузнавачки служби планираат да шират наратив дека „Украина е изневерена“ од Западот и САД. „Руската пропаганда, исто така, ќе продолжи да го доведува во прашање легитимитетот на претседателот Володимир Зеленски и корумпираните украински функционери кои ја крадат американската помош“, посочува службата. ХУР наведува дека Кремљ може да ги искористи неодамнешните разговори меѓу САД и Русија во Саудиска Арабија за да ги наметне своите мировни услови на светот, обидувајќи се да ги прикаже владите во Европа кои го поддржуваат Киев како „н...
Спорт