54 ч. назад
Мицкоски: Успеавме да го зачуваме статусот на Охридското Езеро
- Тоа е уште една лоша работа која што се случуваше во минатото, во времето на СДСМ. Јас ги гледав тие прес-конференции и тие пораки кои што доаѓаа од Бихаќка, и молчевме. Не сакавме да реагираме, бидејќи се боревме, додека тие ликуваа, ние се боревме во една жестока дипломатска офанзива да се даде шанса, да Охрид добие уште еден транзициски период, со што ние би отпочнале со имплементирање на препораките коишто, за жал, претходната Влада не ги започна, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со одлуката на УНЕСКО. Мицкоски посочи дека извештајот е во период од 2017 до март 2024 во владеење на претходната Влада на СДСМ. - Не само што не ги започна, туку и луѓе блиски до политичките партии од претходната Влада, продолжија да ги злоупотребуваат познанствата со поединци блиски во претходната Влада. Па така, некои од одобренија за реконструкции правата нови згради — да речеме, во центарот на Охрид. П...
Разное