home Все Новости open_in_new Подробнее

Зеленски во Вилнус: Русија е принудена на дипломатија, имаме вистинска шанса за мир

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во главниот град на Литванија, Вилнус, изјави дека постои „вистинска можност да се стави крај на војната“, оценувајќи го моментот како „посебен“. Зеленски учествува на самитот на шефови на држави од источниот блок на НАТО и нордиските земји. – Русија е принудена да се вклучи во дипломатски процес, изјави Зеленски, додавајќи дека Европа и САД располагаат со супериорно оружје во однос на Русија. Тој се заблагодари за, како што рече, „секоја инвестиција во производство на оружје“ и го истакна значењето на тактичката надмоќ на украинските сили. – Имаме посилни тактички решенија. Нашата операција „Пајакова мрежа“ го докажа тоа, рече Зеленски, алудирајќи на вчерашниот масовен напад со дронови врз руски воени бази длабоко на територијата на Русија. Според него, руските загуби се клучни за отворање пат кон мир. – Русија мора да почувствува што значат тие загуби. Само тоа ќе ја натера да бара дипломатски излез, заклучи Зеленски.


today 4 недель назад attach_file Политика

40 ч. назад Кремљ повтори дека санкциите на ЕУ нема да ја принудат Русија на преговори
attach_file Экономика
attach_file Разное
attach_file Разное
attach_file Разное
attach_file Разное
attach_file Политика
3 недель назад Зеленски ја предупреди Европа за планови на Русија во Белорусија
attach_file Политика
attach_file Наука
4 недель назад Зеленски во Вилнус: Русија е принудена на дипломатија, имаме вистинска шанса за мир
attach_file Политика
4 недель назад Лидери од ЕУ, Зеленски и Руте во Вилнус: Фокус на НАТО и Украина
attach_file Политика


ID: 449968432
Add Watch Country

arrow_drop_down