home Все Новости open_in_new Подробнее

Златни медали за таеквондистите Василевски и Симоновски на „Скопје Опен Г1“

Македонските таеквондисти Андреј Василевски и Христијан Симоновски освоија златни медали во јуниорска конкуренција на силниот Меѓународен турнир „Скопје опен Рамус“ од Г1 серијата кој викендов се одржува во СЦ „Јане Сандански“. Василевски, ТКД Бутел, во категоријата до 59 килограми во првата борба победи против Кристијан Петров од Бугарија, во втората славеше над Елбоген Итај од Израел, а во полуфиналето го совлада нашиот втор натпреварувач во оваа категорија Филип Каревски. Андреј во финалето забележа победа над Виктор Сетвиќ од Шведска. Симоновски, пак, кој е од ТК Младост, во категоријата до 63 килограми во првата борба беше подобар од Емир Хониќ од Босна и Херцеговина, во полуфиналето славеше против Бугаринот Јордан Ангелов, а во финалето триумфира над Станислав Митков од Бугарија. Кадетката Мартина Наумовска, од ТК Феникс Кик, во категоријата до 55 килограми освои сребрен медал, а јуниорот Антонио Негријовски до 45 килограми освои бронзен медал.


today 3 дн. назад attach_file Разное

attach_file Спорт
attach_file Спорт
attach_file Разное
3 дн. назад Златни медали за таеквондистите Василевски и Симоновски на „Скопје Опен Г1“
attach_file Разное
attach_file Спорт
attach_file Спорт
attach_file Спорт
неделю назад Новата претседателка на ИОК ќе преговара за можното враќање на Русија на ОИ
attach_file Разное
attach_file Разное


ID: 613381622
Add Watch Country

arrow_drop_down