34 ч. назад
Започна новата учебна година во Хрватска, Турција и Албанија
Во Хрватска, Турција и Албанија и денеска започна новата учебна година, со низа новитети, но и со зајакнати безбедносни мерки на одредени места. Во Хрватска, 445.000 ученици, од кои 36.000 првачиња, се вратија во училиштата, но трендот на опаѓање на бројот на ученици продолжува веќе 12 години. Околу 4.000 деца не се запишани во прво одделение поради емоционална незрелост и зголемено време пред екрани, според податоците од Министерството за наука, образование и млади. Учебната година е поделена на две полугодија: од 8 септември до 23 декември 2025 и од 12 јануари до 12 јуни 2026, со зимска и пролетна пауза. Во Турција, околу 18 милиони ученици и 1,2 милиони наставници започнаа со настава во 75.000 училишта. Во Истанбул, каде учат 3 милиони ученици, воведени се засилени безбедносни мерки со 1.496 полициски екипи и бесплатен јавен превоз за учениците до 16 часот. Првиот час во основните училишта е посветен на заштитата на природата од шумски пожари, а учениците ќе садат фиданки. Минист...
Разное