2 недель назад
Стефковски: Започнавме со изградба на нови 8 спортски терени
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски направи увид на градежните активности за изградба на нов спортски терен на најсовремена тартан подлога кој се гради во Ченто кај старата полициска станица. Со ова започна реализацијата на новиот проект: Изградба на 8 спортски терени на тартан подлога во населените места низ општина Гази Баба. - Во мојата изборна програма со која ја добив довербата од граѓаните во 2021 година стоеше ветувањето: „Подобрување на спортската инфраструктура во населените места и подобрување на условите за спортување на младите“, денес со гордост можам да кажам дека и ова ветување е исполнето во целост. Досега изградивме 27 спортски терени, а со изградбата на новите 8, оваа бројка ќе биде 33 спортски терени изградени за само 4 години, нешто што никогаш претходно не се случило, истакна градоначалникот Бобан Стефковски. - Веруваме во младите. Веруваме дека спортот не е само игра – туку и воспитување, здравје, мотивација и иднина. Затоа создадовме простор ...
Спорт