55 ч. назад
Елвир Мекиќ ѝ подари нов музички „Дијамант“ на својата публика
Откако долго време беше повлечен од музичката сцена, Елвир Мекиќ ја продолжува својата кариера онаму каде што застана и тоа со нова песна и спот - „Дијамант“. Станува збор за емотивна и модерна композиција, која означува ново, зрело поглавје во неговата музичка кариера. Текстот на песната е на самиот Елвир, додека музиката и аранжманот се дело на Јован Јованов, чиј потпис е гаранција за квалитет и современ звук. Видеото за „Дијамант“ е снимено на Козјак, а режијата е на Кристијан Теодоров, кој со својата визија и чувство за детали, одлично ја раскажува приказната на песната. „Се заљубив во песната уште од првиот момент кога ја слушнав. Искрено се надевам дека и публиката ќе го почувствува истото. Песната ми е особено драга, бидејќи е искрен израз на емоција и мојата љубов кон музиката“, вели Елвир. Песната „Дијамант“, доаѓа само неколку месеци откако Елвир Мекиќ ја промовираше дуетската „Адреналин“ со Јован Јованов. Пораката е јасна - Елвир се враќа на сцената со нова енергија, авте...
Разное