2 недель назад
Иванов стана Почесен доктор на науки на Универзитетот во Текирдаг
Поранешниот Претседател на Република Македонија, проф. д-р Ѓорге Иванов учествуваше на 28. Евроазиски економски самит во Истанбул, организиран од Фондацијата Мармара, кој се одржа на 7 и 8 мај 2025 година. Претседателот Иванов се обрати на сесијата „Дијалог на глобалните лидери“, посветена на темата „Мирни решенија, обновување на мирот“. На оваа сесија се обратија и поранешни претседатели од повеќе држави, како Албанија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Молдавија, Романија, Чешка, кои споделија свои размислувања и визии за иднината на мирот и безбедноста во светот. Во своето обраќање, претседателот Иванов нагласи дека по 80 години од крајот на Втората светска војна, светот сè уште се соочува со војни, нееднаквост и нови форми на закани. Тој потсети дека победниците од Втората светска војна ветиле нов свет на мир и просперитет, но истакна дека денес, и покрај технолошкиот напредок и економскиот раст, светот е сè уште далеку од исполнување на тие идеали. „Мирот не е само отсу...
Разное