53 ч. назад
Ѓорѓиевски: Ќе ставиме ред во хаосот – Скопје мора да заживее!
Градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва во „Тема на денот“ на Сител телевизија ја претстави својата визија за ревитализација на главниот град. „Скопје ќе се менува рамномерно – за сите населени места, за сите општини, без исклучок. Кај мене нема поделби, нема први и втори граѓани. Подеднакво ќе бидам посветен на сите скопјани, без разлика на политичка, етничка или било каква друга припадност. Сите мои мерки и проекти ќе бидат заедничко добро,“ истакна Ѓорѓиевски. Тој најави конкретен, прагматичен пристап, со јасни приоритети: справување со загадувањето, решавање на проблемот со уличните кучиња, воспоставување ред во јавната хигиена, елиминирање на сообраќајниот хаос и модернизација на јавниот транспорт. „Оваа кампања нема да биде повторување на проблемите што сите ги знаеме. Ќе понудам решенија – конкретни, брзи и ефикасни. Решенија кои ќе донесат достоинствен живот за секој граѓанин. Скопје заслужува да биде модере...
Разное