8 дн. назад
Бојковска: Опозицијата може да остане со нула градоначалници, ВМРО
Секогаш се водиме според тоа што го мислат граѓаните и како нè оценуваат. Кандидатите за градоначалници кои беа обелоденети убедливо водат во своите места, според тоа што граѓаните го оценуваат. Ова го истакна пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска која вечерва гостува во НАТКАСТ кај Љупчо Цветановски. -Тоа што навистина нè охрабрува и е дополнителен мотив за уште поуспешна работа е тоа што кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, дел од нив и актуелни градоначалници, водат во нивните места 4:1 и 5:1 што ни дава дополнителен патоказ дека ќе имаме убедлива победа, рече таа. Пратеничката оценува дека минатите локални избори биле шок за СДСМ. -Граѓаните ја видоа разликата во нивните локални средини. Овие четири години покажавме огромна разлика во владеењето на локалната власт. Единствено мерило за мене лично е што ќе одлучат граѓаните. Многу успешни проекти и над оние ветувања кои ги дадовме во програмата се реализирани, рече Бојковска. Таа посочи дека градоначалниците на ВМ...
Разное