4 дн. назад
Љутков за исплата на платите на културните работници: Конечно направивме пресметка која што е достојна и законска
Иако сум бил член на СКРМ, никогаш не сум рекол дека овој колективен договор е незаконски, туку дека овој колективен договор нема поддршка од Министерството за финансии. Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот. Конечно направивме пресметка која што е достојна и законска. Јас нема да застанам против моите колеги, тука сум да им ги решам проблемите, посочи министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Тој од денешната собраниска говорница, за време на седницата посветена на пратенички прашања, на прашањето од пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска за ненавремено исплаќање на платите на културните работници, напомена дека проблемот конечно е решен, а исплатата е во согласност со Министерството за финансии. -Иако сум бил член на СКРМ, никогаш не сум рекол дека овој колективен договор е незаконски, туку дека овој колективен договор нема поддршка од Министерството за финансии. Вие тоа го знаете, уште со самото потпишување сте би...
Экономика