7 дн. назад
Анонимизиран формат во заштитена дигитална средина, Јанев појасни како ќе изгледа издавањето судски наредби за посебните истражни мерки
Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, денеска присуствуваше на настан во организација на Оперативно-техничката агенција (ОТА) кој имаше за цел да го поттикне користењето на акредитираната платформа за пренос на класифицирани информации. -Пред присутните порачав дека ова не е проект за удобност, туку проект за иднината. Ние не градиме само дигитален канал, туку воспоставуваме нов систем на доверба меѓу институциите во кој секоја одлука е евидентирана, секоја наредба заштитена, а секој чекор проследен со отчетност. Тоа е моделот што сакаме да го оставиме за идните генерации на истражители, обвинители, судии и бранители на правдата, вели Јанев. Тој посочува дека дигитализацијата е неопходна не заради тренд, туку заради безбедност, ефикасност и праведност. -Ако сакаме да се справиме со организираниот криминал, мора прво да изградиме современи, отпорни и ефикасни системи кои ќе ги поддржат институциите. Се заблагодарувам на ОТА за техничката поддршка, на обвинителств...
Общество