home Все Новости open_in_new Подробнее

Куп на Македонија: Силекс и Работнички без проблеми во второто коло

Со шест натпревари од воведното коло денеска официјално стартуваше новата сезона во фудбалскиот Куп на Македонија. Работнички на гостински терен извојува убедлива победа од 16-0 над Карбинци, а рутински пласман во второто коло обезбедија и фудбалерите на Македонија ЃП, триумфирајќи против Љуботен со 14-0. Второлигашот Охрид го елиминираше прволигашот АП Брера по подобро изведување пенали, откако натпреварот во регуларниот дел заврши нерешено 1-1. Силекс извојува победа од 7-1 против Евротип Онлајн, Брегалница ја елиминираше Победа Валандово со триумф од 6-0, додека Детонит на гостински терен го совлада Башкими 2008 со 4-1. Мечот Беласица – Арсими ќе се одигра утре, а останатите средби се закажани за во септември. На трети септември на програмата се мечевите Тетекс – Пелистер и Пчиња – Новаци, на деветти се среќаваат Победа Прилеп – Башкими Куманово додека следниот ден играат Кожуф – Шкупи, Скопје – Тиквеш и Јени Мале Спорт – Шкендија.


today 2 недель назад attach_file Экономика

2 дн. назад Ракометарите на Бутел со победа го почнаа настапот во Европскиот Куп
attach_file Спорт
attach_file Общество
attach_file События
2 недель назад Куп на Македонија: Силекс и Работнички без проблеми во второто коло
attach_file Экономика
attach_file Культура
3 недель назад Нов пораз на македонските кошаркари – повторно поразени од Романија
attach_file Разное


ID: 4046216009
Add Watch Country

arrow_drop_down