home Все Новости open_in_new Подробнее

Лајен: Не може да се оправда израелската воена ескалација во Појасот Газа

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска ги критикуваше израелските воени операции во Појасот Газа. -ЕК отсекогаш го поддржувала, и ќе продолжи да го поддржува правото на Израел на безбедност и самоодбрана, но оваа ескалација и непропорционалната употреба на сила против цивилите не можат да се оправдаат според хуманитарното и меѓународното право, наведе Лајен по телефонскиот разговор со јорданскиот крал Абдула Втори. Таа посочи дека „израелските воени операции насочени кон цивилната инфраструктура, меѓу кои и училиште кое служело како засолниште за раселени палестински семејства, убивајќи цивили, вклучувајќи и деца, е одвратно“. Лајен упати апел до Израел „веднаш да ја запре сегашната ескалација“, да ја укине блокадата, а исто така го повика Хамас да ги ослободи преостанатите израелски заложници. -Посветеноста на Европа кон праведен, сеопфатен и траен мир заснован на решение за две држави останува непоколеблива, наведе Лајен. (МИА)


today 15 ч. назад attach_file Разное

15 ч. назад Лајен: Не може да се оправда израелската воена ескалација во Појасот Газа
attach_file Разное
5 дн. назад Мицотакис: Израел треба да ги запре воените операции, ова што се случува во Газа е неоправдано и неприфатливо
attach_file Разное
attach_file Общество
неделю назад Рубио: Мирот во Украина зависи од директна средба меѓу Трамп и Путин
attach_file Политика
неделю назад Ѓорчев: Да се направи детална проверка на имотот и богатството на функционерите со „златни“ визи
attach_file Политика
2 недель назад Фудбалерите на Манчестер јунајтед шокирани од мерките за штедење
attach_file Спорт
4 недель назад Во синоќешните израелски напади во Појасот Газа убиени најмалку 27 Палестинци
attach_file События


ID: 423083735
Add Watch Country

arrow_drop_down