17 ч. назад
Гренланд е посебен и толку неверојатно примамлив за современите „освојувачи“
Гренланд, најголемиот остров на Земјата, има повеќе природни ресурси од кое било друго место во светот. Во овој миг, сите активности за рударство и вадење ресурси се строго регулирани од гренландската Влада преку сеопфатна правна рамка што датира од 1970-тите. Како што пишува „Сајенс алерт“ (Science Alert), Гренланд е посебно место на Земјата коешто од неодамна повторно е во средиштето на вниманието поради геополитичките превирања. Без разлика кој како гледа на сѐ тоа, она што треба да се знае е дека Гренланд е битен поради неговите природни ресурси, како што се литиум и другите компоненти - клучни за новите „зелени“ технологии. Островот, исто така, содржи вредни минерали и метали и огромна количина јагленоводороди, нафта и гас. - Барем три наоѓалишта на Гренланд, длабоко под мразот, би можеле да бидат меѓу најголемите во светот по обем, со голем потенцијал за производство на батерии и електрични компоненти неопходни за глобалната енергетска транзиција. Скалата на јаглеводородниот п...
Разное