3 недель назад
Мерц: Берлин, Париз и Лондон сакаат да разговараат со Вашингтон за Украина
Шефовите на германската и британската влада, како и францускиот претседател, сакаат да разговараат со Доналд Трамп за да го подготват разговорот што американскиот претседател ќе го води утре со Владимир Путин, во обид да се стави крај на конфликтот во Украина, изјави денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц. - Разговарав со (шефот на американската дипломатија) Марко Рубио, и за утрешниот телефонски разговор, рече Мерц, се наведува во соопштение на германската влада. - Ние (шефовите на држави и влади на Франција, Велика Британија и Германија) се сложивме повторно да разговараме со американскиот претседател за да го подготвиме тој разговор, рече Мерц, кој денеска во Ватикан присуствуваше на инаугуративната миса на новиот поглавар на Римокатоличката црква, папата Лав XIV. Во Рим присуствуваа и неколку други политички личности, меѓу кои и премиерката на Италија Џорџа Мелони, премиерот на Франција Франсоа Бајру, потпретседателот на САД Џеј Ди Венс и украинскиот претседател Володимир Зел...
Разное