4 дн. назад
Оваа земја ги казнува „телефонските зомби пешаци“: Казни до 200 евра за невнимателна употреба на мобилните телефони при одење
Доколку се најдете во оваа европска земја и притоа невнимателно зјапате во мобилниот телефон додека одите, покрај потенцијалната повреда, може да заработите и казна. Туристите кои ќе се движат низ шпанските улици занесени во своите телефони би можеле да се соочат со високи казни – дури и до 200 евра. Шпанските власти започнаа нова кампања против таканаречените „телефонски зомби“, сè почеста глетка на пешаци кои се движат невнимателно додека гледаат во екраните на своите уреди. Директоратот за сообраќај на Шпанија (DGT) предупреди дека ваквото однесување претставува сериозен ризик и за пешаците и за другите учесници во сообраќајот. Новите правила предвидуваат казни од 80 евра за користење мобилен телефон при одење, особено во близина на коловози или на пешачки премини, додека преминувањето на улицата надвор од обележаните премини може да чини до 200 евра. Во директна порака објавена на социјалните мрежи, „DGT“ порача: „Користете ги пешачките премини, тие се таму со причина. Не гледај...
Технологии