2 недель назад
Биткоинот падна под 100.000 долари откако САД го нападнаа Иран
Биткоинoт падна под 100.000 долари за првпат од мај, а етер нагло се намали, откако претседателот Доналд Трамп изјави дека американски бомбардери ги нападнале трите главни нуклеарни постројки на Иран. Најголемата криптовалута по нападите падна до 98.904 долари, што е намалување од 3,8 отсто, до 12:05 часот по локално време во Њујорк. Етер, вториот по големина токен, се намали за 10 отсто до околу 2.157 долари, што е најниско ниво во текот на еден ден од 8 мај. „Пазарите со загриженост ги следат тековните геополитички случувања,“ рече Каролин Морон, коосновач на „Орбит маркетс“ (Orbit Markets), компанија за ликвидност на криптодеривати. Таа додаде дека фокусот на пазарите ќе биде главно на нафтата кога ќе се отворат традиционалните пазари. Најновите загуби доаѓаат откако Трамп изјави дека иранските локации Фордо, Натанц и Исфахан биле погодени во операцијата, конкретно опишувајќи „товар од БОМБИ“ фрлен врз Фордо – клучна локација за збогатување на ураниум, која предизвика меѓународна...
События