3 недель назад
Откажани и до 50 отсто од резервациите во одредени зимски дестинации во Грција поради блокадите на земјоделците
Поради блокадите на земјоделците низ цела Грција и отежнатиот сообраќај од почетокот на месецов, во некои популарни зимски дестинации во земјата, откажани се и до 50 отсто од резервациите за празничниот период, пишуваат грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Весникот „Та неа“ објави дека според хотелиерите од повеќе региони во централна Грција каде што се наоѓаат планински туристички дестинации, „загубите се веќе големи и не се ограничени само на деновите околу Божиќ и Нова година, бидејќи започнаа заедно со почетокот на протестите на земјоделците“. - Не зборуваме за два продолжени викенда. Веќе 25 дена бележиме голем пад на резервациите, а откажувањата достигнуваат и до 50 проценти. Кон Божик одиме со исполнетост која, во најдобар случај, изнесува 50 отсто, истакнува за весникот, претседателот на хотелиерите од областа Магнисија Јоргос Зафирис, додека во Јанина откажувањата се меѓу 20 и 25 проценти. Според податоците на грчката телевизија „Мега“, во одредени делови на ...
Разное