home Все Новости open_in_new Подробнее

Македонскиот кошаркарски тим со две нови имиња за претстојните претквалификации

Машката македонска кошаркарска репрезентација во новиот циклус од претквалификациите за пласман на Евробаскетот во 2029 година, ќе биде дополнително засилена. Раководството на нашата федерација успешно ја реализираше идејата, нашиот сениорски тим да добие дополнителни играчки засилувања. Ова се однесува пред сè на позициите за кои стручниот штаб, предводен од селекторот Марјан Илиевски, процени дека треба да бидат дополнети со нови играчи. Од денеска, и официјално, нови македонски репрезентативци се Нејт Сестина и Омари Мур. Двајцата со своите екипи настапуваат во Евролигата. Мур од оваа сезона настапува во шпанската Валенсија, додека е дел од Олимпија Милано од Италија. Сестина и Мур, заедно со Џејкоб Вајли, ќе се стават на располагање на нашиот машки сениорски национален тим за првите два натпревара во ноемврискиот ФИБА „прозорец“, односно дуелите со селекциите на Азербејџан (на 27.ноември во Скопје) и на гостувањето во Ирска (на 30.ноември, во Даблин).  (МИА)


today 7 дн. назад attach_file Разное

7 дн. назад Македонскиот кошаркарски тим со две нови имиња за претстојните претквалификации
attach_file Разное
attach_file Политика
attach_file Разное
2 недель назад Косово потроши речиси 18 милиони евра за избори, ЦИК нема буџет за евентуални предвремени парламентарни избори
attach_file Политика
attach_file Разное
2 недель назад Трамп вели дека ниту еден американски претставник нема да патува на самитот Г20 во Јужна Африка
attach_file Разное
attach_file Разное


ID: 1065936360
Add Watch Country

arrow_drop_down