10 ч. назад
ФОТО: Во рок завршува рехабилитацијата на патот Охрид – Св. Наум
Јавното претпријатие за државни патишта информира за завршува во рок рехабилитацијата на магистралниот пат Охрид – Св. Наум во должина од 24,3 километри. Инвестиционата вредност за рехабилитација на овој патен правец е 11,7 милиони евра, средства обезбедени од буџет на ЈПДП. -Иако важноста на делницата Охрид-Св.Наум е исклучителна бидејќи е магистрален пат кој има регионално значење и претставува патна врска со Република Албанија цели четири децении чекаше за рехабилитација која започна во август 2023 година и која сега е на самиот крај и завршува во предвидениот рок за изведба пред почетокот на летната сезона, а тоа е јуни 2025 година. Со реконструкцијата заради зголемување на безбедноста во сообраќајот како и прегледност на патот се изврши и растеретување на косини од нестабилен карпест материјал и се монтираше заштитна челична мрежа на косините, велат од претпријатието. Во завршна фаза е поставувањето на вертикалната сигнализација, односно сообраќајните знаци, како и означувањето...
Общество