home Все Новости open_in_new Подробнее

Марко Трајаноски со историско злато за Македонија на Европското првенство во ММА

Македонија испиша историја на Европското првенство во ММА, кое се одржа во Белград, Србија. Македонскиот репрезентативец Марко Трајаноски, член на клубот „Д Стронгест“ Скопје, го освои првото европско злато за нашата земја, постигнувајќи извонреден успех на најголемата европска сцена во аматерскиот ММА. Трајаноски беше доминантен во секој дуел на патот кон златото, освојувајќи четири победи против Бугарија, Романија, Украина и Италија за само еден ден. Овој подвиг е огромен чекор за македонскиот ММА и потврда дека нашите борци се меѓу најдобрите во Европа. Успехот на Трајаноски е само почетокот на уште поголеми достигнувања за Македонија на меѓународната сцена!


today 4 дн. назад attach_file Культура

attach_file Разное
attach_file Наука
attach_file Разное
attach_file Разное
attach_file Разное
attach_file Культура


ID: 4288806140
Add Watch Country

arrow_drop_down