8 дн. назад
Мицкоски: Народот има впечатокот дека тие кои нечесно заработуваат, не одговараат, но јас ви ветувам нема милост за никој, сега или малку подоцна правдата е неизбежна и ќе ги стигне
„Во вакви моменти треба да зборуваме директно и отворено, па сакам да потсетам на едно големо потфрлање кое како држава го имаме речиси три и половина децении постоење на независна македонска држава. А тоа е чувството на разочараност од системот. Тоа може да се забележи и во колективната слика за состојбата на една нација низ секојдневното опстојување, дури и на социјалните мрежи. Многу гнев, насобрана омраза, постојани навреди, клевети, кавги и лоши пораки.“, рече Христијан Мицкоски претседател на Владата денес во своето обраќање по повод 8-ми септември- Денот на независноста. Премиерот Мицкоски вели дека причините за таква разочараност кај граѓаните се пред сè поради примерите кои ги даваа политичките елити сите овие години. „Причините за таква разочараност кај граѓаните се пред сè поради примерите кои ги даваа политичките елити сите овие години. И во ова мое обраќање не сакам да зборувам за партиските пресметки, ниту пак целта ми е да гледам низ призмата на партиските битки, туку...
Разное