4 дн. назад
Поврзани со Исламска држава: Македонски и косовски државјанин обвинети во Швајцарија за тероризам
Федералното обвинителство во Швајцарија подигна обвинение против две лица осомничени за поврзаност со тероризам. Според порталот на албански јазик во Швајцарија "Албинфо", станува збор за косовски и македонски државјанин, кој поседувал и швајцарско државјанство. Обвинението ги товари дека Косовецот бил одговорен за швајцарскиот огранок на косовската исламска терористичка организација. -Косовската терористичка организација имала за цел не само да собере што е можно повеќе верници за својата салафистичко-џихадистичка кауза и идеологија, туку и да извлече корист од дестабилизацијата на државата Косово и, со сила на оружје, да преземе контрола врз одредена територија и таму да создаде исламска држава управувана во име на Исламската држава според шеријатот, се наведува во соопштението на Швајцарското федерално обвинителство. Се додава дека во 2014 и 2015 година, неколку мажи што зборуваат албански јазик, вклучувајќи го 36-годишниот Емир, косовски државјанин, и второобвинетиот, 33-годишни...
Разное