2 недель назад
Пешевска: Со својата громогласна борба ја покажавме нашата одлучност за промени, кои насушно и беа потребни на Македонија после седум годишното владеење на сегашната опозиција
Ми претставува голема чест да се обратам на 20-тата, јубилејна, годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ – најголемата политичка женска структура, бедем на женската борба, сила и лидерство во Македонија, изјави Жаклина Пешевска на 20 годишната конференција на УЖ. Како што налага нашата мисија, Унијата на жени, цели 27 години ги брани и застапува интересите на жените и нивното учество во рамките на партијата, но и пошироко во македонското општество. Ја промовира и организира активноста на своите членки, развива политички дебати и политички стратегии со цел промоција на идеите на партијата во духот на демохристијанските вредности, со акцент на семејството и нашите деца, иднината на Македонија, истакана Пешевска. Во продолжение интегрален текст од обраќањето на Пешевска: „Истрајноста во борбата за правата и интересите на жените е клучен двигател на општествените и политичките промени. Жените кои се активни во партиските структури и во поширокото општество ćе уште се соочув...
Разное