55 ч. назад
Љутков: Македонскиот јазик е нашата татковина, нашата вечност!
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Институтот за македонски јазик, честитајќи го Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, истакна дека македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку и темел на националниот идентитет, културата и историјата на македонскиот народ. -Секој народ ја носи својата душа во зборот, во песната, во јазикот што го зборува и што му дава име на светот околу него. Нашата душа е македонска, а нашиот јазик е македонски – јазик на вековите, јазик на истрајноста, истакна министерот Љутков. Тој нагласи дека мајчиниот јазик е она што нè поврзува со светот, со семејството и традицијата, темел на нашиот идентитет и чувар на нашето културно наследство. Ја спомена и важноста на зачувувањето и негувањето на македонскиот јазик како најголем аманет од нашите предци и како подарок за идните генерации. -Македонскиот јазик е нашата татковина, нашиот дом и најголем аманет. Се брани со збор, со перо, со љубов, но и со гордост, рече министерот, повик...
Разное