home Все Новости open_in_new Подробнее

Мицкоски за евентуална вмешаност на функционер од ДУИ во пожарите: Има основани сомневања, оставам органите да си ја завршат работата

Имаме одредени информации и основани сомневања, посебно дека она што се случи во Скопје е организирана акција, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање дали можеби знае нешто во врска со шпекулациите во јавноста дека функционер од ДУИ е вмешан во палењето пожари низ земјава. Државата има институции, ги повикувам да постапуваат за случајот, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со вчерашните обвинувања на скопската градоначалничка Данела Арсовска. -Не би сакал детално да зборувам за тоа. Имаме одредени информации и основани сомневања, посебно дека она што се случи во Скопје е организирана акција. Имаме приведени лица и одземени телефони, оставам на органите да си ја завршат својата работа. Но, докопку се потврдат овие основани сомневања, тогаш одредени личности ќе бидат во сериозен проблем, рече Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на целосната санација на Музејот на вода во Заливот на Коските во Охрид.


today 5 ч. назад attach_file Общество

attach_file События
attach_file Экономика
attach_file Общество
attach_file События
5 ч. назад Мицкоски за евентуална вмешаност на функционер од ДУИ во пожарите: Има основани сомневања, оставам органите да си ја завршат работата
attach_file Общество
attach_file Политика
attach_file События


ID: 1495530279
Add Watch Country

arrow_drop_down