5 дн. назад
Комплетно реновиран и опремен Одделот за висцерална и абдоминална хирургија на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“
Во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје, денеска беше претставен комплетно реновираниот и опремен Оддел за висцерална и абдоминална хирургија, донација на компанијата „Спорт Лајф“ обложувалници во вредност од околу четири милиони денари. На прес-конференцијата беше посочено дека годинава, „Спорт Лајф“ има обезбедено дополнителни средства за опремување на истиот простор со 24 нови двомоторни медицински кревети со огради, нови душеци, нов болнички мебел и стативи за инфузија. Согласно потребите на болницата, биле обезбедени и 50 декубитални душеци, 100 лепенки, 10 апарати за мерење притисок и 20 апарати за мерењена гликемија. Маркетинг директорот на „Спорт Лајф“, Петар Поцков истакна дека со проектот е опфатена целосна обнова на внатрешноста и модернизација на електричните и санитарните инсталации на одделот. – Покрај реновирањето на холот, на собите на пациентите и на болничкиот персонал, решивме да направиме дополнителни напори просторот да го оп...
Наука