2 недель назад
Мицкоски: Лага е дека има договор за мигранти, граѓаните да бидат спокојни
„Јавноста да биде спокојна. Сè додека е оваа влада, нелегална миграција, легална миграција, како резултат на пропаднати апликации за азил, како резултат на некакви си договори, нема да има. И тоа се гледа“, нагласи премиерот Христијан Мицкоски како одговор на пратеничко прашање во Собранието. „Многу пати коментиравме во јавноста дека е апсолутна лага и конструкција дека било кога сме разговарале воопшто на оваа тема во процесот за постигнување на договор за стратешко партнерство со Обединетото кралство, посочи премиерот Мицкоски, оценувајќи ја оваа тема како кампања за невистина на опозицијата за растурање на пердуви со цел да се тргне вниманието од внатрепартиските случувања во СДСМ, изборот на новиот состав на нивниот партиски Извршен Одбор. Тоа е филозофијата и пи-ар трикот што мислат дека ќе го направат. Мислам дека тоа не е игра на краток рок, туку игра на уназадување. Ако некој пледира да биде сериозна политичка опција, тогаш треба да има и сериозни позиции, а ова не се сериоз...
События